Познат поранешен ракометар заврши со лисици на рацете – се поради тоа што му нашле во гаќи
Помалку неверојатна, но вистинита информација кој веќе неколку дена кружи во медиумите ни пристига недалеку од Македонија.
Имено поранешниот ракометар на Црвена Ѕвезда, Милош Меденица, минатата седмица беше уапсе н на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, откако во гаќите му била пронајдена недозволена супстанца.
Како што пишува „Информер“, Меденица при ап сењето се противел и пружал отпор на полицијата, па освен за поседување на нарко тици, ќе биде гонет и за на пад на полицијата.
Меденица дошол на аеродром со цел да отпатува надвор од Србија, но додека чекал во редот за чекирање, почнал да се однесува чудно, а полицајците кои патролирале го забележале тоа и му побарале документи, но тој почнал да вика и да бара објаснување зошто му го бараат пасошот.
Потоа бил однесен во службените простории, а во па ника почнал да звони по телефон. Полицајците се обиделе да му го одземат телефонот, но тој почнал да ги турка, па аеродромските служби повикале специјална единица.
При претресот кај него во гаќите била пронајдена една кесичка др о га, па веднаш му е одредена мерка притвор од 48 сати.
Меденица беше во центарот на вниманието во 2014 година, кога падна на допинг тест по натпревар од српскиот шампионат.