Професорот Трајковски кажа што треба да се случи за да не седиме во темница и се грееме на дрва преку зимата
Професорот Дејан Трајковски на својот профил на фејсбук сподели уште една анализа во која вели:
Пред неколку дена, во постот од 23.09.2022 (линкот е даден на крајот), со анализирање на финансиските извештаи на ЕВН Македонија видовме неколку загрижувачки податоци.
Накратко, иако 2021 година им завршила со добивка, се случил огромен пораст на побарувањата од купувачите за 4,23 милијарди денари во однос на 2020 година, што значи дека голем дел од приходите останале ненаплатени.
Понатаму, готовинскиот тек од оперативни активности бил негативен, односно имало нето одлив на 1,63 милијарди денари, како потврда на про блемот со наплатата и/или трошоците.
За премостување на ликвидносниот јаз, нето се задолжиле со 2,99 млрд. ден. и годината ја завршиле со речиси празна сметка, со одвај 5,9 милиони денари готовина.
Бидејќи главните приходи на ЕВН Македонија доаѓаат од изнајмување, најверојатно на нивната дистрибутивна мрежа, многу веројатно е дека изнајмувачите (електродистрибуција, евентуално снабдувачите и трговците со електрична енергија) имале проблем со наплата. Можно е проблемите да настанале и со купување прескапа електрична енергија од увоз.
Годинава веќе читаме за многу претпријатија коишто повеќе не се во состојба да ги плаќаат енормно високите сметки. Некои од нив ќе престанат со работа, а некои ќе прогласат бан крот и ќе побараат стечај.
Во меѓувреме, трговците со струја на големо (во земјава ги има 57 на број) и снабдувачите со струја на мало (нив ги има 43) ја испорачале скапата електричната енергија, но прашање е дали истата ќе ја наплатат од претпријатијата коишто ќе заминат во стечај.
Минатата година ги видовме почетните проблеми, но годинава ќе биде уште многу полошо. Не само што претпријатијата (купувачите на електрична енергија) ќе прогласат стечај, туку можно е верижно да заминат во стечај и снабдувачите, трговците со електрична енергија и електродистрибуција.
Иако ЕВН Македонија, фирмата-мајка на ЕВН Електродистрибуција и ЕВХ Хоме е голема компанија, дури и нејзиниот капацитет за задолжување е ограничен. Може да се случи сé и сешто, снежната грутка започна да се тркала и ќе станува сé поголема и поголема како што изминува времето.
Ќе видиме како ќе излеземе од зимата, но следните 6 месеци нема да донесат ништо добро. За две недели започнува грејната сезона и нагло ќе се зголеми потрошувачката и побарувачката на електрична енергија.
Остануваат одвај две недели што бргу ќе поминат, а трансформаторот за третиот блок на РЕК Битола сé уште не е пристигнат од ремонт и не е вграден во блокот. Без доволно домашно производство, ќе бидеме упатени на увоз на прескапа електрична енергија, што ќе ја вл оши наплатата и може да го стартува погоре опишаниот синџир на банкротирања.
Со увозот на електрична енергија работите исто така не стојат добро. Франција, поранешен голем извозник на електрична енергија, поради проблеми со корозија на ну клеарните реактори веќе стана увозник на електрична енергија. Понатаму, една третина од европските н уклеарни електрани до 2025 година ќе исполнат услови за пензионирање.
Во Украина е речиси целосно исклучена најголемата нук леарна електрана „Запорожје“, што значи 5900 MW помалку, односно колку 30 блока од РЕК Битола. Поради ун иштената индустрија и исселените 10 милиони жители, како и 7 милиони жители коишто заминаа со Донбас, Украина моментално има електрична енергија за извоз, но не се знае до кога.
До колку сегашната (сепак) ограничена Специјална во ена опер ација премине во целосна во јна, со униш тување на електрани (коишто ги има 18 во цела Украина), може да се случи и таа да престане да извезува, па дури да мора и да увезува.
Сите овие фактори негативно ќе влијаат и на нашата способност за нормално снабдување со електрична енергија. Доколку не проработат сите три блока на РЕК Битола и доколку не се реши проблемот со јагленот, при сегашната сиромаштија нема да ни остане голем избор освен рестрикциите на потрошувачката, односно – седење во темница и греење на дрва преку зимата.
Дури и тоа е подобро отколку бескрајното задолжување на земјата во странство.