(ФОТО) Старите другари Шилегов и Заев пак се видоа, а Петре порача: Незадолжително

Петре Шилегов и Зоран Заев, двајца добри пријатели и сопрартиици изминатите години многу често имавме можност да ги гледаме во јавноста.

Речиси и секојдненво, но во последната година некако како и да ги снема, а можеби до некаде и очекувано откако немаат јавна функција.

Едниот е веќе екс градоначалник на Скопје, а другиот пак поранешен премиер и некогашен лидер на СДСМ.

Струмичанецот Заев од време на време на својот фејсбук профил знае да се огласи, а така беше случај и денес кога напиша:

Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата, 15 септември.Денес имаме владеење на народот. Денес одлучуваат тие кои гласаат.

А, не оние кои бегаат. Демократијата е глас. Гласот на секој еден поединец. Глас слушнат, разбран, уважен, испочитуван. Гласот на сите групи во нашето општество

Пред некој час на својот профил на фејсбук се огласи и Петре Шилегов кој што објави заедничка фотографија со Заев и напиша:

Без никакви обврски, онака, незадолжително