Босоногиот Емир го расплача регионот: Таткото го оставил, тој е гладен и бос на овој студ
Тригодишниот Емир од ромската населба во Сараево, кој до пред еден месец се шеташе на студот скоро без облека и без чевли, денес доби обувки.
Тој живее во кампот во Раковица со мајка му и брат му бидејќи татко му ги оставил како бебиња, во голема сиромаштија и неизвесност.
Од кампот изјавиле дека Емир нема доволно храна и дека тоа му е најпотребно. Со помош на добри луѓе, на момчето му дале зимска облека за да не биде повеќе бос.
За Нова година, освен храна, тој како и повеќето деца во кампот посака мобилен телефлон. Условите во кампот се многу лоши.
А како што рекоа корисниците од прифатниот центар немаат ни струја, па освен храна, голем проблем е тоа што немаат каде да се капат.
Медиумите веќе пишуваа за тригодишното момче Емир и неговиот помлад брат, но кампот е преполн со сиромашни деца кои немаат елементарни услови за живот.
Да подсетиме на ,,Тикток” се појави видео од малото момче Емир и ако неколку реченици можат емотивно да „скр шат“ човек, ова се токму тие реченици.
Имено, новинарот прво го праша како се вика, а тој со тажен и тивок глас му кажа „Емир“. Потоа го прашал колку години има, а тој нeвешто рекол „Тли“.
Новинарот го прашал дали му е ладно, а потоа сета та га излегла од кутрото дете… затоа што му било ладно. Стои со боси нозе на некои камења, без јакна.
Во коментарите многумина се понудија да му помогнат на малото момче, а многумина од нив нагласија дека навистина може да се види голема т ага во очите на ова дете.