Бојан цели 28 дена бил на граница меѓу живи и неживи – кога се разбудил мислел дека само малку задремал
Многупати сме виделе дека животот пишува романи, и дека тие романи можат да бидат од научно – фантастичен жанр, би ни требало уште малку време да се навикнеме. Вистински доказ за тоа е животната приказна на Бојан Тамбиќ, млад човек кој и покрај се ја победи смр тта.
Бојан Тамбиќ од Сеничан во Република Српска 28 дена се борел за живот, кога паднал во ко ма откако имал окачена температура. Како што вели, се започнало со симптомите на настинка. Шансите што му ги дале лекарите да преживее биле многу мали, само десет проценти.
– Беше недела, се вратив од работа. Бев слаб и им кажав на моите родители дека не ми е добро. Следните два дена имав температура од 38,5. Се тестирав за ко вид, мислејќи дека се работи за тоа, но резултатот покажа дека сум негативен.
Сепак, се чувствував лошо, па завршив во болница. Таа ноќ, се сеќавам, искашлав к рв, па дури и добив жол тица. Така лекарите решија да ме префрлат во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука – ја започнува Бојан својата драматична приказна.
Еден месец се бо рел со бол ест за која првично мислел дека е обична настинка со надеж дека лекарите наскоро ќе го вратат дома.
-Имав доверба во лекарите, но се случи нешто на што никогаш не би помислил. Докторите ме ставија на кислород и тоа беше последното нешто на што се сеќавам – вели Бојан, кој по тој момент паднал во ко ма која траела цели 28 дена.
Тие денови беа денови полни со неизвесност за неговото семејство и пријателите. Секој ден семејството имало се помалку надеж дека Бојан ќе се разбуди. А таа надеж целосно ја згасна информацијата што ја добија од докторот, дека неговата состојба не се подобрува.
Во тие денови прво му откажале белите дробови, потоа црниот дроб, а подоцна бубрезите ја изгубиле функцијата, по што следела сеп са. Додека блиските се молеле Бојан сепак да се разбуди, тој спиел не сфаќајќи дека го ставил својот град на нозе.
-Кога се разбудив не знаев што се случува. Мислев дека само дремев малку. Меѓутоа, таа моја дремка траеше многу денови. Секој ден ми кажуваа низ што поминав.
Благодарен сум на сите, на лекарите, на моите роднини и на целиот град, кои се кренаа на нозе во желба да ми помогнат да преживеам. Најмногу благодарам на моето семејство кое цврсто го издржа сето ова – вели Бојан во видеото за „Козарски вјесник“.
Мајката на Бојан вели дека нејзиното срце најдобро го почувствувало тоа што се случува со нејзиното дете. Таа објаснува дека тие денови и биле неподносливи, но иако лекарите рекле дека е многу лошо, знаела дека на крајот се ќе биде во ред.