(ВИДЕО) Драматични сцени: Пожарникари и полицајци во трка со времето во потрага по тројца кои излета со автомобил во Лепенц

Едно лице е спасено и пренесено во ГОБ „8 септември“, а по други три се трага во водите на реката Лепенец, откако попладнево во неа заврши патничко возило од марката БМВ со косовски регистарски таблички.

Во инцидентот учествувал и патнички автомобил со скопски регистарски таблички

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека во тек е спасувачка операција и повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта.

„Денеска (17.06.2023 година) околу 15:00 часот било пријавено дека на патната оска Скопје – Блаце се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Б. од Скопје и патничкото возило БМВ со косовски регистарски ознаки, управувано од Н.П. од Косово, дека по несреќата паднал во реката Лепенц.

Во возилото БМВ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извлечено од реката и пренесено во болницата „8 Септември“, а потрагата по другите е во тек.

Во теке е голема спасувачка акција, а од снимките на ТВ 21 се гледа како припадници на пожарната и специјалните полициски сили веќе се во водата на реката и интервенираат.

Собраќаат на патот е отежнат, а на истиот од видеото се гледа дека се присутни и екипи од Итната медицинска помош.