Во штипско Селце се води војна за вода: 85 годишната баба Гена низ солзи говори што и се случило
Невидена досега војна за вода се води во штипското село Селце, таму во последните неколку дена жителите едни на други си ги уништуваат бавчите за да не се наводнува зеленчукот и вода да остане за нив и стоката.
Ноќеска што е веќе трет случај,уништена е бавчата на Гена Колева. Уништен е пиперот и краставиците, на едниот, а на другиот дел безмалку сите стбла од домати ги нема, како и останатиот зеленчук. Целта на овој вандализам е ист – да не се троши вода за наводнување, пренесува Тв Стар.
Низ солзи, неверувајќи дека ова нејзе и се случува, 85 годишната старица, како што вели, сега останала без душа. Уништениот зеленчук е нејзниот живот.
„Одам да ја видам бавчата и кога гледам, сета на земја. Ми ја земале душата, тоа за мене беше душата. Јас имам маки, стара сум и осамена, само таму одев, тоа ми беше хоби. Јас велам мене да дошле да ме стиснале немало да направа ваков грев отколку ова што го сториле.
Потврда за само уништувачката војна помеѓу жителите на Селце,според нашиот соговорник, Ибраим Федаи,сосед на оштетената Колева,е непочитување на договореното. Да не се создаваат резерви од вода.
Во мегувреме, Колева не може да си поверува дека ова е суровата реалност. Водата да е повредна од егзистенцијата.
Селото Селце има 28 семејства кои постојано живеат таму, а со вода се снабдуваат од селскиот резервоар со е со капацитет од 10 тони, но во летниот период тој за нив не е доволен.
ЈП Исар има обезбедено доволен капацитет на вода за пиење на луѓето и стоката, но жителите од ова село веројатно водата ја пренаменуваат за други цели поради што се јавуваат недостатоци. Ги повикуваме на рационално и приоритетно трошење на водата, изјавија од ЈП Исар.