Горан Пандев откри како се опијанил во една прилика – со пиво, вино и шампањ
Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев како што е познатао по крајот на минатата сезона ја заврши кариерата во редовите на Парма, а остави голема трага во Серија А каде играше за Џенова, Наполи, Интер, Лацио, Анкона и Специја.
Притоа освен за матичната Беласица во Македонија тој се проба само уште во Турција каде што го носеше кратко дресот на Галатасарај.
По крајот на играчката кариера Горан времето го поминува половично, во Македонија и во Италија, а се занимава и со водењето на својот клуб Академија Пандев.
Несомнено најголемите успес популарниот Гоче ги доживеа со Интер во 2010 година кога ги обедини титулите во Серија А, Копа Италија и Лигата на шампионите.
Токму за овој момент и прославата Пандев откри како се опијанил и откри детали:
„По обединувањето на трите титули сите бевме пијани. Се вративме на „Џузепе Меаца“ во шест часот наутро, пиевме само пиво во авионот.
Мојот син се роди еден месец пред тоа, застанав до домот да го поздравам семејството, па забавата продолжи со пријателите со вино и шампањ. Успехот беше неверојатен, дојдовме до големо нешто“, изјави Пандев.