Д-р Лазаров сподели детали за сообраќајната незгода: Мене материјалната штета не ми е битна,ќе платам, срам да ви е
Докторот Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил сподели немил настан кој му се случил во сообраќајот а воедно се осврна и на односот на учесниците спрема него:
Ми пресекува пат буквално прелетувајќи ја главната улица од споредна, кај тобако Томи во К.Вода, со двете деца во кола јас одвај успевам да закочам за да не биде тотален судар и со десен дел од предница го удирам дури во гепек, СРЕЌА, од што лета продолжува уште 50 метри додека закочи па полукруг се враќа.
Трезен мад здрав прав, со госпоѓа до него, што додека ме убедуваше дека “здравје само” ми кажа и дека ме знае и дека некого сум лечел од нив.
Културен беше дечкото док чекавме полиција се собраа цела екипа ама тивки сликаат гледаат, си отиде женава фина деца требало да зема, после коа се врати со документи, друг човек,пред мене му вика на полицаецот “ќе ве бараат”.
На крај после записник,ја добив казна 250 евра зошто колата ми е во возно стање интребало да потпишам европски.Ама така нема да го казнат, а ќе не убиеше, мене материјалната штета не ми е битна,ќе платам, срам да ви е!
*Полицајците беа културни млади и професионални,и за пола саат дојдоа,да нема забуни, занот е друга ствар и тоа какви луѓе сме станале.