ЕВН со запрепастувачки вести од Слупчане: Тие не смеат да влезат во селото, а открија што направиле селаните
Слупчане и ЕВН повторно се во очите на јавноста, а има и зошто.
Имено лица од Слупчане искршиле катанци и насилно влегле во енергетски објект и оставија повеќе села без струја информираат од ЕВН во денешното соопштение до медиумите,.
Синоќа лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на Електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.
По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици.
Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане.
Електродистрибуција и денес го потврдува истото. Мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.
“Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека не добијат цвртсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа.
Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат.” велат од компанијата.