Жан Митрев утрово го разбуди неповолна вест, па се огласи: Ова е лакардија, се гледаме на суд
Скопското обвинителство поднесе обвинение против кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника за измама на пациенти за време на пандемијата со Ковид-19. За делото за коешто се товари е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.
Врз основа на доказите, Обвинителството наведува дека Жан Митрев ги довел во заблуда пациентите на кои им се нудела хемофилтрацијата како алтернативен начин на лекување, но притоа се прикривале клучни факти за овој метод. На тој начин клиниката заработила околу 1,6 милиони евра за хемофилтрации.
Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев за из мама.
Оваа лакрдија од неосновани на пади на суд ќе мора да се докаже, бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил изм амен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.
Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот.
Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.
Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина.