Зоран Ванев и се врати на музичката сцена – по долго време на турнеја во Австралија
Зоран Ванев кој по потекло е од Штип беше редовен на настапи кај нас, но и во соседна Србија се до 2011 година. Потоа со семејството се реши да се спакува и да се пресели во Швајцарија.
Иако беше роден за на сцена и беше еден од ретките пејачи што успеа да направи кариера и во соседството, Ванев сепак во еден момент реши да ја промени професијата.
Зоран Ванев, кого го знаеме како изведувач на низа песни кои станаа хитови, као „Ангела, Ангела“, веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија.
Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, и тој вели дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил.
Ванев во едно поранешно интервју има изјавено дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.
-Имам голема желба да отворам клиника во Македонија, меѓутоа засега тоа е невозможно. Не од причина што немам доволно време, туку од причина што здравствениот систем во Македонија не оди во правец на задоволување на пациентот, туку повеќе оди во правец на економија која ги погазува сите човечки вредности на квалитетен живот“, рече пејачот.
Ванев не е често активен на социјалните мрежи така што не можеме да видиме освен работата кои му се други хобија и активности, но затоа пак во скорешно интервју за Фокус тој е одлучен да не се враќа во Македонија.
– Подолг период живеам во Швајцарија, но каде и да сум, секаде знам да направам да ми биде убаво во животот. Засега не планирам да се враќам во Македонија, освен на летување, но како што велат, никогаш не викај никогаш. Можеби некогаш Македонија ќе стане како втора Швајцарија – изјави еднаш Ванев.
Иако е доста посветен на новата професија, сепак, Ванев не ја заборава ниту музиката. Во ноември минатата година промовираше видео запис за новата песна „Одакле си лепа селе“.
Покрај тоа, Зоран Ванев очигледно се враќа и на музичката сцена откако на социјалните мрежи сподели дека месецов ќе одржи австралиска тура.
Имено, закажани се настапи на 25ти и 27ми јануари во Мелбурн и Сиднеј во два ноќни клуба. Зоран Ванев ќе биде специјален гостин задолжен за балканска музика.