Нашиот фолк-пејач стана светски познат: Добро е, трудот не бил за бадијала
Фолк-пејачот Јордан Митев е еден од ретките пејачи кој си ја сака и почитува Македонија, а тоа го докажува преку неговите чести статуси и коментари на социјалните мрежи.
Иако не споделува многу од приватниот живот на Фејсбук, некогаш некој зајадл ив коментар кон него знае да го испро воцира, па да си каже се што му лежи на срце.
Илјадници луѓе – негови фанови секогаш се јавуваат со поддршка за неговите песни и карактер, но и покрај тоа уште пожа лен е фактот дека кај нас странските пејачи се повеќе платени од нашите.
– Искрено, јас сум патриот, но не сум националист (во тоа има разлика), ги почитувам сите што ме почитуваат мене како Македонец, но жал ми е што мислам, се надевам дека грешам,
ние никогаш нема толку колку што треба да го почитуваме нашиот човек од туѓиот, па макар нашиот одел и на глава пак ќе му се најде некоја маана.
Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки, искрено си кажа Митев во една прилика.
Но, за тој што си ја знае работата, никогаш „нема зима“, па така и за Јордан Митев кој вредно работи на нови проекти и песни, а не можеше и да не се пофали со тоа што неговото име се најде на листа меѓу странски пејачи во Германија.
Убаво е чувството кога некаде во светот на некоја полица со многу музика и многу имиња, ќе се прочиташ себе си. Тогаш си велиш, добро е, трудот не бил за бадијала.