Ненадејно го напуши овој свет: Фудбалска Македонија тагува
March 31, 2023
Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) остана без уште еден искрен, вреден и пред се хуман човек.
Фудбалска Македонија како и целокупниот спорстки јавност и неговите најблиски се во тага.
Ненадејно поч ина Горан Ѓошев, вработен токму во Фудбалската Федерација на Македонија, како медицинско лице и воедно задолжен за децата кои престојуваат во Академијата.
Човек кој деноноќно се грижеше за нив, и со години беше составен дел од нивниот млад живот. И татко и мајка во исто време, човек кој на своја одговорност имаше стотина млади фудбалери.
Како медицинско лице дел од многу генерации младински репрезентации изминатиот период сведок на многу успеси и победи.
Засега не се познати причините и повеќе детали за она што се случило.