Од јуни полесно до германска виза: Договор од работодавач и за 2 до 3 седмици до термин
Ветената земја за многу Македонци од летово ќе стане уште подостапна и се очекува бројот на наши граѓани да се зголеми во Германија.
Како што е познато во 2018 година беше воведена лотаријата како систем за доделување на термини за аплицирање за германска виза. Оваа година во мај е крајот на тој систем. Во мај оваа година ќе се доделат последните термини за лотаријата за месец Јуни.
Од Јули, контигентот на работници кои смеат да дојдат во Германија според правилото Западен Балкан, се зголемува на 50 000 работници годишно.
Олеснувањето е тоа што од Јуни ви треба само работодавач кој треба да направи за вас „vorabzustimmung“, тоа е согласност на заводот за вработување дека за таа работа на германскиот пазар нема доволно работници и е дозволено да се увезат странски работници.
Значи за во МекДоналдс, Бургер Кинг, Амазон, ДХЛ, логистика, негователи…итн, секогаш има потреба од работници и од Јуни немате потреба да чекате термин, треба само да најдете работодавач.
Vorabzustimmung е формулар од 6 страници кој се праќа во заводот за вработување од страна на вашиот работодавач.
Во истиот момент кога работодавачот ќе добие vorabzustimmung вие ја контактирате германската амбасада и наскоро добивате термин.Тие термини се даваат многу брзо односно термин добивате за 2 до 3 недели.
Ова е едно од најголемите олеснувања за добивање на германска работна виза која доаѓа од Јуни оваа година.