Подобро да пеам, отколку да питачам – ме бркаат од улицата, но не отстапувам
Ретки се наоѓаат млади луѓе кои иако здрави и работоспособни се трудат сами да си заработат и да си ги подмират сметките.
Во центарот на Бугојно се наоѓа еден млад 20-годишен пејач Џелантано Хрустиќ. Инаку е од Зеница, а и на минусни температури стои и пее за да заработи за живот.
Изјавува дека никогаш во животот не просел, ниту би просел бидејќи е здрав и исправен и способен да заработи за себе без да моли или да бара други.
– Кога пееш не ти е студено затоа што даваш се од себе. Пеам од мали нозе од 7 – 8 години, мене ме има и на јутјуб на интеренет. подобро е да пееш откокку да питачиш.
Кога ќе дојде полиција ми пишува каз на, ама ништо. Има добри луѓе не се безо бразни спрема нас, но и некои се лоши. Ме бркаат од улицата, но не отстапувам, вели младото момче.
На една локација може да се задржи најмногу саат време се додека не дојде полиција. Во некои места може и да помине, но некаде го каз нуваат.
– Може да се преживее и од ова ако се потрудиш малку повеќе. Некогаш одам и на свадби, родендени да отпеам нешто. Работам и си плаќам сам од ова.
Живеам со брат ми. Предтоа работевме за други, но сега работиме само за нас. Подобро ни е сега кога сме сами, додава Џелантино.