Пред очите на нивните деца ја полил со безнин и ја запалил сопругата – исходот фатален

Според информациите, на грозоморниот напад му претходела расправија меѓу брачната двојка, по што сопругот почнал да ја полева несреќната жена со бензин.

Во моментот на трагедијата во куќата биле и нивните малолетни деца. Жената беше пренесена во болница со тешки повреди, имала изгореници на 90 отсто од телото. И покрај напорите на лекарите, таа денеска почина во болница.

Медиумите јавуваат дека во нападот е повреден и братот на починатата жена, кој ќе мора да биде опериран.Соседите тврдат дека сопругот и претходно бил насилен кон жртвата. Тој е во притвор.

На повредите денеска им подлегнала 45-годишна жена од Грција, која сопругот на 8 јануари ја полеал со бензин и ја запалил пред очите на нивните деца.