Се стравува од најлошото: Момче од струмичко влегол да се разлади во браната, но не искочилo
July 17, 2023
Македонија ја зафатија пеколни жешки температури, па многумина наоѓаат различни начини да се разладат.
Некои се на море, некои на езеро, некои покрај река или на базен, а други пак на брани.
За жал ни пристига и една немила информација која што доаѓа од струмичко, а за истата се вели:
„На 16.07.2023 во 13.30 часот во СВР Струмица, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од с.Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.
За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“