Спасе од временска прогноза не отстапува: Од увек сум бил ѕвездетина, а вие мои фанови
Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар. Спасе Рола Јовановски е еден од презентерите на временската прогноза.
За себе често знае да искоментира дека е ѕвезда, а во една прилика упати порака: „До професорот у средно што рече дека од мене НИШТО НЕМА ДА БИДЕ и што ме остаи на полагање у сред АВГУСТ…Па професоре, ЦВРЦ, мало сте се зезнули. Види у каква ЅВЕЗДЕТИНА се претворив!“
Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде неретко знаед и да распали со некој статус без влакна на јазикот, па така и овојпат напиша:
Чисто да си знаат овие што сеа се фураат дека носат „цртани УНИКАТ“ патики ја такви носев пред 12 години, односно пред вие да знаете дека постои техника за цртање на патики, односно тогаш сигурно сте носеле АдиБас
Среќа па овој фејсбуков, тука е да ме потсети дека од увек сум бил ЅВЕЗДЕТИНА а вие мои фанови!