(ФОТО) Елена Ристеска за првпат по нападот објави фотка од себе

Елена Ристеска, познатата македонска пејачка пред десетина дена се најде во центарот на немилите случувања.

Имено таа била нападната од друга жена, инцидент кој го потврди МВР, но и самата пејачка

-Денеска (23.10.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.

Ристеска самата се огласи подоцна на инстаграм каде што за настанот кажа:

-Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.
Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.

После 21година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови.

По немилиот настан, поточно од истата вечер, па до сега немаше објавено своја фотографија на Инстаграм, се до синоќе кога сподели.