(ФОТО) Се справи со најголемиот животен предизвик, а сега ја овековечи љубовта со својот сакан – Александра Шијакоска заблеска на нејзината свадба
Александра Шијакоска за многумина е позната, а за оние кои не ја знаат и првпат се среќаваат да кажеме дека таа е една од најпознатите модна блогерка и воедно една од најубавите Македонки.
„Да бидам искрена на почеток се соочив со многу тешкотии. Имаше моменти кога сакав да се откажам од сè. Еден ден ми е врежан во сеќавањето многу добро. Беше ладно, а јас требаше да се сликам и да се преслечам на улица.
Се сликав без никакви услови, одевме пеш затоа што немам кола, со куп ќеси во раце и буквално седнав на тротоар, смрзната, со солзи и безнадежно си кажав дека веќе нема да го работам ова“, кажа Александра во една прилика.
Иако денес е повторно среќна и храбро чекори низ животот, Александра еден период беше надвор од социјалните мрежи поради најголемиот удар кој можеше да и го зададе животот. Објави дека и откриле тумор на мозокот и извесен период ќе ја нема додека е на лекување.
Меѓутоа, Господ покажува дека таму каде што има волја, позитивно мислење, добрина и поддршка од најблиските сите проблеми се решаваат. За нејзина голема среќа, Александра повторно се врати таму каде што припаѓа и продолжи со нејзиниот живот.
Започна да живее со нејзиниот вереник Едмонд Весели, а денеска официјално стапија во брак по 12 години врска, на денот на неговиот роденден . Се верија на 20 мај во Солун.Нејзиниот татко ја одведе до саканиот.