Фурка Салиу: Како е можно Македонецот да е против се што е Албанско
Новинарот Фуркан Салиу на својот фејсбук профил сподели статус кој предизвика стотици коментари и реакции, а во истиот се вели:
Едноставно со некои работи не можам да се помирам затоа што се тотално несфатливи.Би сакал некој искрено да ми одговори на неколку прашања…
1. Како може Македонец да е против правото на самоопределување кога цел живот се бори со побројни и помоќни нации да им докаже дека се реалност, постојат и ќе постојат
2. Како можно Македонецот да се радува што КФОР може да го напушти Косово и Србите можат да продолжат таму каде што застана… Во Речак, нова Сребреница итн. Дали има човек кој ќе му објасни на Македонецот што ќе се случи со Македонија ако повторно се вратат старите времиња на Балканот?
3. Како е можно Македонецот да е против влезот на државата во ЕУ? Каква е таа желба својата држава да ја види рамо до рамо со Србија, Русија ама не до Франција, Германија, Италија итн?
4. Како е можно Македонецот да е против се што е Албанско иако заедно создаваат држава од 90 па навака?
5. Која е таа логика од која што произлегува резултатот дека без Албанците оваа држава би била подобро место за живеење?
6. Како е можно Македонецот од Скопје да има толку стереотипи за својот сограѓанин од другиот крај на Скопје?
Едноставно некои работиме се толку несфатливи што те фрустрираат. Секој пост, било тоа да е за корупција, криминал, злоупотреба на службената положба завршува со струјата во Арачиново или Слупчане. Ова колективно лудило мора да престане. Не смееме да бидеме заложници на мала група на луѓе кои имаат логистика и пари да го поделат овој народ по секој можен основ. Оваа држава стана територија за експерименти, тоа мора да престане.
И да разјаснам за крај… На постов сигурно ќе се даде друга конотација, но јас и покрај сите напади и етикети знам што зборувам и знам дека таа група која што по секоја цена сака да ја распарчи оваа држава е се помала.