Кумановскиот градоначалник Димитриевски повторно на дело: Максиме, голем си
Хуманитарецот Александар Горгиевски сподели уште една убава вест за семејството Лазаровски од кумановско Градиште.
За ситуацијата на ова семејство кое живее во супстандардни услови објави емисијата Срце на дланка, по што многумина се решија да помогнат:
Бев да се видам денес со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Тема на разговор беше како да помогнеме и придонесеме пет малолетни дечиња и нивните родители да живеат достоинствено.
Сакам да ја информирам Македонската јавност дека заеднички донесовме одлука дефинитивно на оваа фамилија ќе и се гради нов дом.
Мојата хуманитарна организација, неколку фирми, преставник од фамилијата, роднина на мајката на дечињата Ивица Mицев заеднички ќе ја тераме целата работа.
Координирано и со огромна помош од страна на Општина Куманово ова 100 % ќе биде уште еден ветен и реализиран хуманитарен проект.
Максиме голем си господ да ти даде здравје на тебе и на целата твоја фамилија, твојот пример да го следат сите политички чинители во државата, напиша Александар на својот фејсбук профил