Оливера и синот Николче од Гостивар живеата како да не се луѓе – ни за јадење немат, а спијат бетер животни
Шеесет и четири годишната Оливера со својот триесет и шест годишен син Николче од Гостивар, немаат основни услови за живот. Живеат во незавршена зграда, без прозорци, врати, само зидови од цигли.
Во просторијата во која живеат имаат само една сијалица. Немаат доволно светлина, а среќни се кога има сонце и ја користат дневната светлина. На прагот на студените месеци, ова семејство не знае како ќе се загрее. Се плашат да не измрзнат.
Вработените од најблискиот маркет ги снабдуваат со храна секое утро, бидејќи како што истакнува Оливера знаат дека немаат со што да купат.
Оливера е во пензија, а Николче вели дека скоро пет години чека работа,, Неколку пати отишол во Центарот за социјални работи, а таму пак често му затворале врата и го навредувале истакнува Николче.
Нивните месечни социјални примања изнесуваат 4 200денари. Аплицирале и за социјален. Биле одбиени и не добиле објаснување зошто, посочува семеството.
Од Министерството за транспорт и врски пак, велат дека лицето кое е одбиено, не се наоѓа на прелименарна листа по три основи:
– Нема поднесено потврда од Центар за социјални работи-Гостивар дека е корисник на загарантирана минимална помош; -има доставено старо државјанство; -нема доказ дека е разведен. – велат од министерството.
Оливера пред неколку месеци излегла од операција и отежнато и е одењето, брзо се заморува, има висок притисок. Семејството со апел до јавноста, да им се помогне за да можат да функционираат.
Оливера и Николче, последните три месеци живеат во овој простор и се надеваат дека во скоро време ќе имаат шанса да живеат во соодветни услови, истакнувајќи дека никого не напаѓаат туку сакаат само да им се помогне.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Телевизија 24.