Баба Надежда живее во трошна планинска куќа: Спие на сунѓери и дрвени трупци, но си го сака родниот крај
Баба Надежда и нејзиниот син Горан живеат високо на еден рид кај Власина, каде што нема пат, во трошна и запуштена куќа.
Со нив живее ќерката на Надежда, Данијела, која ја одржува куќата чиста, а која по 20 години брак се вратила во родителскиот дом целосно заборавена од синовите, пишува ЈуГмедиа.
Во оваа населба братот и сестрата заедно се грижат за неподвижната мајка и живеат од семејната пензија која изнесува 16.000 динари.
Кога ќе ги платат сметките, ќе купат лекови на мајка им и се што е потребно за нејзината нега, не им останува ништо.
Овие тројца не среќни луѓе се обидуваат да преживеат во својот семеен дом без ничија помош. Братот и сестрата спијат на воени лимени кревети, а нивната мајка на кревет поткрепен со сунѓери и дрвени трупци.
Баба Надежда не го реализираше правото на туѓа грижа и помош само затоа што нејзините деца не можат да ја однесат неподвижна како што е на преглед во Здравствениот дом Сурдулица.