Бабичка на 110 години од Тетово иако треба да зема туѓа нега и ја укинале: Синот прашува каде се парите

Иако има 110 години,Фекрије Локу од Тетово веќе 2 години не прима финансиска помош – Туѓа нега. Поради возраста, Фекрије заборава и вели дека без помошта на синот не може да направи ништо.

„Имам 102 години, изгубена сум, не сум како порано и не можам да се родам по втор пат, имам многу години, не можам и плус Господ што рекол“, вели Фекрије Локу за ТВ21.

Фекрије 2 години по ред била примател на туѓа нега, но по две годин и стигнало решение од Центарот за труд и социјална работа дека и се укинува оваа право. Синот, Рахим Локу, вели дека барањето им било отфрлено со одлука кој им стигнала пред неколку дена.

„Не, веќе не прима помош, пред две години земавме, првите две години земаше, ги пополнив формуларите и ми стигна негативен одговор. Мајка ми има 110 години, таа е родена на 10.01. 1914. Јас ги замолувам да дојдат сами, вратата е отворена, да дојдат, да ја посетат, да ја прегледат и да видат дали навистина и следува или не. Мајка ми е оперирана во нозете, не слуша, не гледа, големи болки нема,но таа не може да се грижи за себе, има и склероза“, вели Рахим Локу.

Од Центарот за труд и социјална политика Тетово велат дека тие носат одлука откако ќе добијат позитивно мислење од комисијата составена од лекари.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ21.