Блага Петреска неутешна по голема загуба: Не можам да престанам со жалење
Несомнено Блага Петреска е една од нашите најголеми и најпознати естрадни уметници, доајен на македонската народна музика.
Таа долги години е на нашата естрада, таа е дел од првата генерација која започна едни нови движена на македонската музичка сцена.
Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски. За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи.
Има снимено и дуети со Гоце Арнаудов Пеам да не заплачам, и со Ефто Пупиновски Песна може се, Зоро моја Зорице и Кај ме залуди Калино.
Денес тааа со огромна та га се оглоси на социјалните мрежи и емотвино се збогува од својата блиска пријателка Катерина Крстева.
На 85-годишна возраст во вечноста замина македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Катерина Крстева, која меѓу народот беше позната како Мара Попара.
Веста за заминување на другиот свет на легендарната актерка со која растеа многу генерации ја растажи пошироката јавност.
Се спомнуваат нејзините значајни улоги во Македонски народни приказни, Поштар, Простодушна љубов, Погрешно време, Битолски лак рдии, Волшебното самарче, Хихириху и многу други.
Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик.
Како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика.
Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето.
Но, за приватниот живот на Катерина во јавноста се познати многу малку детали. Ведра жена, надарена со огромен талент за хумор, таа и во приватниот живот секогаш ја гледала позитивната страна, иако животниот пат не и бил лесен.
Се редат нејзините колеги, познаници и други јавни личности кој испраќаат последен поздрав до легендарната македонска актерка, а Блага емотивно се збогува:
– Мара Попара не напушти. Не можам да престанам со жалење за нејзината судбина. Толку јак дух, толку позитивна а крајот бескрајно тажен.
– Кате моја нека ти е светол патот и ете не можеш без Чале и побрза кај него, сочуство до сестра ти, стои во објавата на Блага Петреска на социјалните мрежи.