Браќата Томислав и Марко од Македонија се вистински хит во Хрватска со својот изум – веќе имаат нарачка од 4 тона
Браќата Томислав и Марко од Македонија, заедно со сопругата на Томислав, Ива, во втората епизода од општествено одговорниот проект „Стартај Хрватска“, го претставија својот производ „Табај“ – месни деликатеси приготвени со најфините вкусови на сосови кои сами ги подготвуваат од врвни состојки и зачини.
Работата и взаемната поддршка на ова динамично трио им ја отвори вратата во проектот „Стартај Хрватска“ и им овозможи да пласираат дури 4 тони од нивниот месен производ на полиците на големиот малопродажен синџир СПАР.
„Отсекогаш се дружевме во кујната, секогаш експериментиравме, пробувавме нешто, бевме креативни. Заминавме од Македонија во светот. Сакавме да направиме нешто креативно, за секогаш да си играме со вкусовите и храната и да ги радуваме луѓето, бидејќи храната предизвикува среќа“ посочија браќата кои се дрзнаа да ја обликуваат иднината по своја мерка, па сега нивните маринирани месни производи се се натпреваруваат за хит производ од 2023 година.
Растејќи се во Македонија, Томислав и Марко решија подобра иднина да бараат во Словенија, каде што се случија нивните први кулинарски успеси.
Веќе четири години живеев во Љубљана и како постар брат морав да се грижам за Марко, изјави Томислав. Кога го научија занаетот, се согласија заедно да се обидат во претприемништвото. Иако уживал во својата работа во Словенија, Томислав ја нашол целосната среќа малку појужно, во Хрватска.
„Љубовта е причината за оваа приказна. Мојата сопруга е од Задар. Идејата за фабриката Табај беше планирана некаде на друго место, но како што љубовта го најде својот пат, таа ме донесе во Задар“ рече Томислав, кој ја запознал својата сопруга на интернет страница за запознавање и не им требаше многу време за да сфатат дека биле наменети еден за друг.
„Томислав ги надмина моите родители со храната“ посочува Ива додека зборува за тоа како нивната врска се повеќе прераснува во сериозна врска, но и во деловно партнерство. Еден семеен собир со родителите на Ива се покажа како хит. Откако го „собори своето семејство од нозе“, Томислав го започна „Табај“ во Задар.
Иако на аудицијата доставија само сосови, што беше првичната идеја на ова трио, Хелмут Фенцл, претседател на Управниот одбор на СПАР сугерираше дека подобар претприемачки потег за нив би бил комбинирањето на нивните сосови со месни производи. Флексибилноста на Томислав, Марко и Ива не била доведена во прашање, па брзо се приспособиле на барањето и нарачаните четири тони маринирано месо ги предале на полиците.
Бидејќи на патот од аудицијата до ставањето на производот на полиците на продавниците мораа многу да променат – од пакувањето до самиот производ за кој се пријавија, водителката на емисијата Миа Ковачиќ го праша Томислав колку е тешко претприемачкото патување на што тој одговорил: Тешко е само ако не сакаш.
Откако слушнала колку производи им порачала СПАР, Ива откри уште една радосна вест, а тоа е дека таа и Томислав ќе го прошират своето семејство, бидејќи наскоро ќе пристигне нов млад член на тимот на Табај