(ВИДЕО) Гордана Јанкуловска во солзи – не можеше да ги задржи кога го слушна ова
Некогашната македонска Министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пред неколку дена говореше во интервју за „360
степени“.
Тема на разговор имаше многу од тоа како поминува времето во Идризово, за семејството и за односот со членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Јанкулоска, најтешко и е што физички е одвоена од нејзиниот син, кој на двегодини и три месеци останал без нејзе, а сега имал пет години.
Токму кога го слушна ова прашање и кога започна да одговара и наидоа солзи во очита, а гласоти и зтрепери.
„Во целава оваа ситуација тоа е најтешкиот дел и тоа не само за мене, затоа што нели, како возрасен човек секогаш се трудите да ја разберете ситуацијата и да најдете некое образложение дури и кога такво не постои,“ вели Јанкулоска во интервјуто и додаде:
„Петар има пет години и целата ситуација е тешко да му се објасни, тој остана сам со татко без мајка на само 2 години и три месеци. Јас пред два неполни два месеци за првпат имав можност да излезам и тоа е навистина тешко.
Како изгледаше овој емотивен момент може да видите тука.