(ВИДЕО) Максим Димитриевски згрме со песна: Запеа и упати моќна порака до Бугари и нашата власт
Првиот човек на Општина Куманово, Максим Димитриевски секогаш знае да биде актуелен и привлечен за јавноста, дали на професионален или на приватен план.
Популарниот Максо на оваа функција е од 2017 година и во моментов го извршува својот втор мандат, но за разлика од првиот кога беше од СДСМ, сега е независен.
Првиот човек на Општина Куманово на својот профил на фејсбук често споделува фотографии и видеа на професионален, но и на приватен план.
Така, на последното видео сподели видео со кое вистински покажа што значи да се сака и почитува својата земја, па во бугарски ресторан во Пампорово ја запеа Бисер Балкански.
„По повод вчерашните олигофр енски* изјави на дваицата европратеници (имињата не им ги помнам) од БНД соседна Бугарија сакам да ги поздравам нив дваицата а и останатите нивни истомисленици со една песна од прекрасна Тракија.
– Веројатно еден ден ќе разберете дека Македонија била е и ќе биде Македонска а од Македонец Бугарин не биднува, ниту Србин а најмалку пак Грк.
Во Бугарија се среќаваме и дружиме со луѓе кои се искрени наши пријатели, ја почитуваат Македонија во целост и нејзината посебност и не се оптеретени со шов инистички ставови на поединци кои немаат сила во бугарското општество да освојат гласови ниту за едно пратеничко место во парламентот.
– Една порака и до власта, “Вашиот молк е повеќе и од срам” во било која демократска држава за вакви нав реди се одговара за ури вање на уставниот поредок и поттикнување на национална нетрпеливост, не ни очекувам повеќе од вас, поради тоа набргу ќе бидете сменети.
– Слава и на македонката Бунева! – *збор од странската граматика“, стои во објавата на градоначалникот Максим Димитриевски.