(ВИДЕО) Пламнаа и популарните „краци“ во Грција – и тоа во места каде има голем број Македонци
Грчките противпожарни служби и денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите кои веќе две недели беснеат во Грција и во кои до сега загинаа пет лица.
Состојбата во земјата се влошува од ден во ден откако копното е на удат на силен ветер кој дополнително ја усложнува работата и ги разгорува жариштата.
Од рано утрово, според нивните информации денеска гори и во Ситонија, поточно на вториот крак каде летуваат периодот голем број Македониц.
Пожарот на Халкидики зафати површини под сува трева во близина на Агиос Николаос. Пожарот во Агиос Николаос на Халкидики е ставен под делумна контрола.
Пожарот, кој бил од мал обем, веднаш бил ставен под контрола по итна мобилизација на копнени и воздушни средства на Противпожарната служба. Оперативни се вкупно 22 пожарникари со 11 возила, а оперира и 1 хеликоптер
Се потсетува дека на местото од првиот момент биле доброволци, противпожарни возила од Бугарија и екипи од Општината кои помагале во гаснењето на пожарот.
Уште два пожари избувнаа во Ситонија, по тој што изгасна пред малку меѓу Никити и Метаморфоси.
Во меѓувреме уште два пожари избувнаа во Аг. Николаос и Вурвуру во близина на куќи