(ВИДЕО) Сања, сопругата на Миле Јанакиески ја совладаа емоции – ги спомена и нивните синови
November 17, 2023
Сања Јанакиески, сопругата на поранешниот министер за Транспорт и врски, Миле Јанакиески се огласи со емотивен статус на својот фејсбук профил и притоа објави видео:
-Тешко е само да се изгледа ова видео од 5 минути, а камоли сето тоа да се преживее! Но, за среќа секогаш правдата победува и вистината излегува на виделина. Господ дава сила на праведните и храбрите!
Велат големите луѓе имаат големи искушенија…па љубов моја не застанувај, продолжи да чекориш една нога пред друга, барај сила во себе, слушај го гласот во тебе кој те води напред како и досега, знам дека ќе успееш и ќе победиш, ќе победиме.
Не застанувај и бори се за правдата зашто ја заслужуваш ти, ја заслужуваат твоите синови!