Владимир и Соња го заменија загаденото Скопје со живот во природа – две причини се пресудни за нивната преселба
Неретко може да слушнеме или прочитаме за млади луѓе на кои градот им досадил и се селат на планина. Едни од нив се Соња и Владимир кои го заменија брзиот живот и загаденото Скопје со мирно секојдневие со прекрасна природа.
Пресудни за нивната преселба биле љубовта кон природата и мирниот живот. Според нив веќе прошетале, виделе многу, немаат потреба од излегувања од концерти, па сега уживаат во мирот на природата. Од Скопје, тие создадоа нов дом во Маврово, каде водат хостел.
„Баш беше буквално бегање од градот. Целата загаденост и целата динамика почна да влијае на мене, на моето здравје, на моето однесување“, раскажува Соња Манчевска.
„Поголемиот дел од домот сами го изградивме. Сфативме дека ако си работиме за нас дека тоа е една инвестиција за наша подобра иднина“.
Убавините на пределот се добар предуслов за бавење со туризам. Соња е етнолог-антрополог и потекнува од овие краишта. Нејзините рачни изработки го красат хостелот во етно стил.
„Кога почнаа со работа мене не ми дозволуваа да работам дека нели женско сум и треба да прави кафе. И еден ден им фалеше работна рака и се вмешав, видоа дека работам подобро од сите што дојдоа, објаснува Соња за Дојче Веле на македонски.
Владимир, пак, родум од Скопје, организира туристички тури. Но, овој животел стил носи и предизвици.
„За жал во последниве години многу е голема бројката на млади луѓе кои се отселуваат оттука и некако околината станува попразна“. Поради убавината и двајцата не планираат да ја напуштат природата.