Во најава нови правил од идниот месец во Германија
Владеачката коалиција во Германија долго време се усогласуваше околу промените на законот за заштита од ин фекции. Бундестагот денеска со големо мнозинство гласови ги изгласа новите правила.
Во поединечно гласање, 386 од 702 пратеници гласаа за предлогот на сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах, додека 313 пратеници гласаа против.
Тројца пратеници беа воздржани. Опозицијата го одби владиниот предлог, но не успеа со своите барања. Доколку Бундесратот ги одобри законските измени на крајот на следната недела, правилата ќе стапат на сила на 1 октомври. Тие потоа ќе важат до 7 април 2023 година.

На сојузно ниво се планирани малку основни заштитни мерки. Сојузните покраини ќе одлучуваат за сите понатамошни чекори во зависност од развојот на ситуацијата со инф екцијата.
Маските ФФП2 од октомври ќе бидат задолжителни во здравството, како и во возовите и автобусите на долги релации. Патниците во авионите, од друга страна, веќе не мора да носат маски.
Партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) ја критикуваа како несфатлива оваа промена, која владеачката коалиција ја воведе дури во текот на процесот на носење на измените на законот.
Од октомври покраините можат, но не мора, да носат прописи за носење маски во јавно достапни затворени простории, како што се ресторани, институции, спортски сали или театри.
Доколку постои ризик од преоптоварување на здравствениот систем или критичната инфраструктура, покраините може да наметнат построги правила за носење маски и тестирање, како и барања за држење растојание и рестрикции за настани.
Училиштата и градинките треба да останат отворени. Во случај наставата со физичко присуство, поради висока инциденција, да мора да се прекине доколку не се носат маски, тогаш тие треба да бидат задолжителни на наставата за децата од петто одделение нагоре.
Целата сторија може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик.