Германија со уште поголеми ослободувања за странски работници – сега ќе биде полесно до виза
Германската економија со години не може да привлече доволно квалификувани работници, а овој проблем наскоро ќе стане поакутен со пензионирањето на бејби бумер генерацијата.
Владата вчера претстави план со кој пошироко ги отвора вратите за работната сила од земјите надвор од Европската унија, јавува ДПА.
Според нацртот, странците повеќе нема да бидат ограничени само на професијата, па така, на пример, механичар ќе може да работи како магационер или полицаец како келнер.
При разгледување на апликацијата за работна виза, искуството ќе добие тежина, а преводот на квалификации на германски ќе изгуби важност за влез во Германија. Планот вклучува и иновативен систем за бодување за работници од трети земји, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан.
Министрите се согласија за основните принципи, дека „критериумите можат да бидат квалификации, јазични вештини, работно искуство, семејни врски со Германија и возраст“.
Прашањето за бодување на небулозните категории на познавање на јазикот и семејните врски штотуку доаѓа на дневен ред на дискусија во трипартитната коалиција на канцеларот Олаф Шолц.
Очигледно, службите за странци поповолно ќе ја проценат способноста за интегрирање со претходните престои во Германија, работа кај германски работодавач, но и доколку кандидатот има роднини во Германија.
Нацртот сè уште не дефинира каков статус треба да имаат тие роднини, на пример, дали се вработени.
Полесната имиграција е дел од планираната реформа на законот за азил и миграција што министерката за внатрешни работи Ненси Фезер сака да ја иницира до крајот на годината.
Во петок, Бундестагот треба да гласа за таканаречената можност за право на престој, односно за отворање перспектива за престој за добро интегрираните странци кои подолго време живеат во Германија без безбеден статус.