Голем шумски пожар кај Струмица, а не можат да гасат зошто немале здравствено осигурување од ЈП „Национални шуми“

Центарот за управување со кризи утринава излез со соопштение од јавноста во кое што се вели:

-Шумскиот пожар кај с.Добрашинци е се уште активен, ТППЕ Струмица интервенира, а од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица “ од Струмица известија дека не излегуваат на терен, бидејќи немале здравствено осигурување, па помагале само логистички

Регионалниот ЦУК Струмица, по утринското излегување на терен и дејствување на екипите за гаснење, известува дека шумскиот пожар кај с.Добрашинци е се уште активен.

Гори сува трева и ниска шума, а еден крак од пожарот е навлезен во шумата и се движи кон планината Готен.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Струмица интервенира со пет пожарникари во нискиот дел.

Инаку, ЦУК е известен, од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица “ од Струмица, дека не излегуваат на терен, бидејќи немале здравствено осигурување, па помагале само логистички.