Градоначалникот на Куманово со јавно обраќање од Швајцарија до Македонците: Сите ни барале, ние имаме големо срце
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски сподели на Фејсбук страницата: Проследете го моето обраќање на манифестацијата “Македонски ден” во Швајцарија
“Ние Македонците имаме големо срце, голема душа, а денеска се уверив и во зборовите за чесна, голема и силна рака при секој поздрав со вас – почуствував силна, цврста, чесна, работлива македонска рака. Тоа сте вие драги наши.
Би сакал да го поздравам претседателот на Македонското друштво „Македонија“ – Ешалан, господинот Никола Мирчев и да се заблагодарам за поканата.
Да е живо и здраво со сите негови членови. Ја поздравувам и амбасадорката на Македонија во Берн, Мелехат Муфтаровска којашто иако не смее поинаку, но сепак размислува како нас.
Исто така, упатувам благодарност и до моите колеги градоначалници заедно со сите вас. Вечерва да се вее македонско знаме, да се игра македонско оро и да се слуша македонска песна овде во Швајцарија.
Воедно, да искористам прилика да ве поздравам од сите мои Кумановки и Кумановчани, до сите вас овде од цела Македонија без разлика дали сте Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби или било која етничка заедница.
Ние сме големи луѓе, никогаш на никого му немаме земаме нешто, сите ни барале, а ние го имаме нашето срце и душа за сите. Да сте живи и здрави, чувајте се.”