Денес е една од најбараните пејачки, а до скоро работела за 150 евра

Пејачката Катарина Грујиќ кариерата ја започна во натпреварувањето на Звезде Гранда, а денес важи за една од најпопуларните пејачки на естрадата.

Во текот на целата година е букирана и пее насекаде низ светот, а покрај успешната кариера може да се пофали и со мирен семеен живот.

Пејачката пред една година доби ќерка со познатиот фудбалер Марко Гобељиќ со кој посакува да има уште деца. Парот го изградил своето семејно гнездо во луксузна населба во Нов Белград, а се зборувало дека за станот платиле речиси половина милион евра.

Катарина и Марко одлично заработуваат, а пејачката сега призна дека не било секогаш така и дека пред неколку години ситауциајта била доста лоша.

Таа во емисијата „Сценирање“ на ТВ Курир се присети на своите почетоци, и истакна дека почнала со хонорар од 150 евра.

„Тоа не е ни малку лесен пат, и не е чекор да се влезе во сето тоа толку млада. На 18 години почнав да пеам во Мистика во Белград, еден од најдобрите клубови во тоа време,

Се разбира, тоа беше многу помала сума тогаш отколку сега. Мојот прв хонорар беше 150 евра, од некаде треба да се почне. Единствено што ме одржува е тоа што ја имам најголемата љубов кон музиката“, рече Грујиќ.

Признала и дека татко и бил единствениот кој ја поддржал на натпреварот на Звезде Гранда и дека како мала трчала по дома пеејќи ги хитовите на Цеца, Брена и Драгана Мирковиќ.: