Дејан од Штип покрај тоа што и ја исклучи струјата на својата мајка Ружа сега не и дава и леб да си купи
Пред неколку месеци Дејан Пешев од Штип и ја исклучи струјата на својата мајка Ружа. наводно бидејќи не ги плаќала сметките.
Освен што пред неколку месеци сопствената мајка ја остави без струја, во последните неколку денови таа не може да си купи ниту леб од селската продавница во штипски Козјак.
Токму синот Дејан е сопственик и продавач во истата и секогаш кога неговата мајка ќе се појави да си купи леб тој ја брка од таму.
– Освен што немам струја исто така тој не ми дава ниту леб да си купам, вели разочарано Ружа од штипско камерите на телевизија ,,Стар”
Овојпат како причина поради која не и дава да си купи леб на сопствената мајка е каз на односно санкција поради јавните поплаки што ги изнесе таа во јавноста.
Семејните недоразбирања во оваа куќа се тензични и покрај обидите да се нормализира состојбата и да се најде решение.
Братот на Ружа, Ацо е сериозно загрижен за состојбата на неговата сестра бидејќи како што вели Ружа секојдневно живее под голем стре с.
– Едноставно нема разбирање со Дејан, сега започна да не и дава и леб. Покрај тоа и нејзините внуци постојано и додеваат на вратата, вели Ацо.