Докторите и рекле дека не може да има деца, а таа родила тројки на 46 години
Кога Џорџија Фостер имала 36 години, лекарите и рекле дека никогаш нема да може да постигне успешна бременост поради неразвиената матка. Таа цел живот патела од ендометриоза, а лапароскопијата открила и дека Џорџија има уникатен облик на матката, што би ја спречило да зачне дете.
„Бев шокирана кога дознав, а помислата дека не можам да имам свои биолошки деца ме влечеше во депресија долги години“, вели Џорџија.
Таа дури во еден момент размислувала и за посвојување, но бидејќи во тој момент била без партнер, нејзините шанси биле многу мали. Иако максимално се фокусираше на кариерата, нејзината потреба да се исполни како мајка никогаш не исчезна.
Откако наполнила 41 година, нејзината најдобра пријателка се загрижила за неа и ја поттикнала да побара мислење од друг лекар. Втората лапароскопија утврди дека првата дијагноза е фундаментално неточна.
„Докторот потврди дека имам многу необичен облик на матката и би било предизвик да забременам, но не и невозможно, бидејќи во мојата матка има доволно простор да носам дете“, вели Џорџија.
Еден пријател ја поканил на пијачка и ја запознал со Иан, тогаш 39-годишен маж кој штотуку се преселил во Лондон поради работа, а Џорџија веднаш ја почувствувала привлечноста.
Иако на почетокот се двоумела со оглед на големите планови што ги имала за нејзиниот живот, решила да преземе иницијатива и да го замоли Иан да излезе. Следната вечер отишле на состанок и брзо станале неразделни.
По вториот неуспешен третман со ИВФ, Џорџија отпатувала за Северен Кипар со нејзината мајка и најдобра пријателка за да го заврши третиот третман за ИВФ во центар во Северен Кипар, кој беше попристапен, но имаше и најново генетско тестирање на располагање.
„Поради мојата возраст, тамошниот лекар реши да пренесе три ембриони, надевајќи се дека барем еден ќе доведе до бременост. Изненадувачки, забременив со три момчиња“, се присетила Џорџија, која тогаш имала 46 години.