Д-р Беќаровски: Полни обложувалници, празни игралишта – многу историја, нула иднина
Познатиот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија е мошне активен на социјалните мрежи со своите совети, а така беше и овојпат.
Тој на својот фејсбук профил често знае да се огласи, а во оваа прилика напиша:
Рецепт за психофизичко и интелектуално ун иштување на една нација: Во викендите наполни ги МОЛ-овите испразни ги планините.
Зачадени кафулиња, затворени библиотеки Полни обложувалници, празни игралишта Искинати и расфрлани книги, најскапи мобилни
Пребогати “певаљки”, егзистенцијални загрозени примадони Наконтени пиљари, недохранети наставниц Шундовизија, наместо Телевизија
Опседнатост со изгледот, наместо со паметот Теретани и стероиди, наместо копач и мотика Ам фетамин за будност, диазепами за сон
Преплавена администрација, исушени полиња. Многу историја, нула иднина Безброј експерти и аналитичари, дефицит од водоводџии и електричари Факултети и универзитети во секое село, а професионалци нигде на дело
П.С. Секоја сличност на рецептов со таа за македонски качамак е случајна или намерна, зависно од аголот на опсервација