Запленет џип Г класа и јакна вредна речиси 5000 евра- Цариниците открија необичен прекршок, на мажот привремено му се одземени предмети вредни дури 174.000 евра
Царинските службеници во соработка со полицијата на граничниот премин Хоргош привремено запленија луксузен џип и брендирана јакна чија вкупна вредност се проценува на речиси 174.000 евра.
Прекршокот бил откриен кога на влез во државата пристигнал џип „мерцедес бенц Г400Д“, во кој патник од Шведска се упатил кон Србија.
Но, на влез во државата не пријавил автомобил од 169.000 евра за кој немал соодветна документација.
Царинските службеници при детален преглед во багажот пронашле и нова машка јакна од светски позната марка која исто така не ја пријавил иако имал потврда на која се уплатени 4.900 евра.
Бидејќи бил должен да ги пријави сите вредни предмети што ги носи со себе, а не го сторил тоа, споменатиот патник се нашол во прекршок, чиј исход може да биде парична казна и заштитна мерка трајно одземање на непријавена стока.