Зоки Фаци емотивно се отвори за почетоците во шоубизнисот: Преку кревет до слава, доцна беше за назад
Познатиот новинар Зоран Василевски познат во јавноста како Зоки Фаци важи за човек кој секогаш отворено го кажува она што го мисли.
Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар. За она што можел да биде, а животот го однел во друг правец, Зоки емотивно се отвори на социјалните мрежи:
Нешто на блиц. Во тоа топло септемвриско попладне, татко ми ја заклучуваше големата бела капија. Црвениот голф не чекаше со запален мотор. А јас не ни разбрав дека баш тогаш ми умре моето детство. Имав 14 години и едвај чекав да бидам ветеринарен лекар.
На комшиите во Маџир маало сигурно им бев чуден. Денот ми почнуваше со мачки и кучиња. Избегнував да се дружам со врсниците, едино ако морав. Мојата мисија беше јасна, зацртана во мојата кадрава глава…не смее да има болни животни.
Петок беше ден кога почнував да прашувам кога тргаме за Катланово. Го чекав црвениот голф да ме однесе во големиот земски рај на дедо ми Коста. Тука ме чекаа сите бели јагниња, коњите, кравите Неда и Белка и секако мојот најдобар другар шарпланинецот Мурџо.
Години подоцна, ме мачеше само едно прашање…Зошто Бог и Универзумот ме турнаа по друг пат. Таму немаше животни, дипломата остана стуткана во тутурутката. А другиот пат беше каменит. Тука сретнав многу луѓе, но човечност им недостигаше. Јас зачекорив по крив правец.
Младост…24 години Старт, крив правец, разврат, проституција, телевизиски камери, содома и гомора, трачеви, шоубизнис…ВИП журки… селебрити. Шоубизнисот ме сврте во бубањот. Доцна беше за назад. Пркеу кревет до слава. Преку интриги и сопки до слава. Преку газење живи луѓе до слава