Зорица мајка и ја фрлила во река само 7 дена по раѓањето и без каење – сега средбата која и се случи беше преемотивна за неа
Некои животни приказни се слушаат со грутка во грлото и неверување што се шири низ секој збор. Токму оваа приказна ја следи Зорица Штрбац.
Нејзината мајка, Србинка на привремена работа во Германија, ја ставила во торба и ја фрлила во реката само една недела по породувањето. За среќа Зорица ја спасиле грмушките, а потоа и случајни минувачи.
Приказната на Зорица започнува на 3 август 1969 година во 03:57 часот во болницата во Аугсбург, каде што се породила нејзината биолошка мајка, српска гастарбајтерка која ја криела својата бременост.
Како што изјавила за германските медиуми, од раѓањето до одлуката да се ослободи од ќерката поминала една недела.
Лекарите и медицинските сестри, кои виделе дека не е подготвена сама да го одгледа бебето, бидејќи ништо не и подготвила, и понудиле помош. Меѓутоа, таа одбила и ја напуштила болницата.
– Персоналот на клиниката и понуди да остане таму. Не беше подготвена за дете, немаше ниту комплет за бебе – изјави Зорица пред три години во интервју за германски „Билд“.
Наместо да му го олесни животот на детето и да прифати помош, мајката на Зорица се одлучила за хор ор сценарио. Таа решила да го стави своето бебе старо осум дена во торба и да го фрли во реката Лек.
– Ме фрли како ѓубре. Торбата паднала два метри по брегот на реката Лек, но не паднала во водата. Ме спасија грмушките – рече таа.
Сепак, судбината имаше други планови за неа. Откако чантата останала два часа во грмушките, ја пронашле Германци, мајката Регина Рејдсер и нејзиниот син, слушајќи го како плаче во торбата. Кога се приближиле, виделе дека инсектите и бубачките веќе ја прекриле торбата.
Со брзата акција на полицијата, несовесната мајка е уапс ена. Откако поминала една година зад решетки, таа изјавила дека се кае за тоа што го направила. Тоа и било олеснителна околност, а со ослободувањето ја вратила Зорица во грижа.
Со мајка си поминувала време до својата тригодишна возраст, кога татко и ја зел. За својата животна приказна дознала дури подоцна преку германскиот печат.
-Ми вела дека и онака сум ѓубре и бидејќи и мајка ми не ме сака, не ме сакаа ни врсниците. Во пубертетот се чувствував излишно, се прашував зошто воопшто преживеав – изјави таа во емотивното интервју за „Блид“.
Низ глава со години и се врти истото прашање – зошто.Денес живее во Германија, каде има семејство, полусестра, девер и братучед. Нејзината средба со Регина Ридсер, која и го спасила животот, се издвојува како еден од најемотивните делови од интервјуто.
Во таа прилика и дваете се прегрнаа и плачеа на местото од каде се започна пред неколку децении, на брегот на реката Лек. И Зорица за својот спасител подготви подарок – врамена детелина со четири листа, која како рече таа сама ја одгледала.