Игор Џамбазов за првпат откри зошто дал своја сперма: Дојдоа по неа
Игор Џамбазов со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии кој нема кој не го знае.Пред се шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец – тоа е единствениот Игор Џамбазов.
Беше во врска со Илина Арсова но и покрај големата љубов, како што ќе каже Игор, разумот надвладеал и се случило тоа што мора да се случи. Во емисијата на Снеже Велков Џамбазов сподели интересни работи кои за првпат ги открива во медиумите.
Најголема болка ќе му остане тоа што нема свој пород во животов, што немал деца никогаш иако правел спермограм и открил дека може слободно да има деца.
– Можам слободно да замрзнам сперма, па може некоја будала ќе рече дај бе од овој човек да имам деца. Тоа денес е изводливо. Нешто смешно ќе раскажам.
Бевме во Дојран, во Струмица таа да се провери и мене да ме проверат. Мене ми викаат оди си во ДОјран ќе испратиме екипа. Ние си доручкуваме, стига бела кола..излегува од колата млада докторка облечена кежуал.
Седнаа со Илина си правеа муабет и таа вади едно шишенце го дава и вика добро брзо ќе биде. Тоа беше таква куќичка две врати, немам соодветен простор да ја дадам спермава затоа што ги слушам нив, си прават муабет.
Така лаптопчето го отворив, имам две три омилени..ама не иде никако. Успеавме некако, се враќам на терасата и и го враќам на докторката. Важно не дадов сперма, дојдоа по мојата сперма – успех во животот, се пошегува Џамбазов.