Израел вечерва се огласи до своите граѓани: Итно напуштете ја оваа држава
Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување до своите граѓани да не патуваат во Турција и Мароко, наведувајќи ги стравувањата дека израелските патници ќе бидат цел на оние кои се лути поради тековната војна меѓу Израел и Газа.
Тие додадоа дека нивото на опасност за Турција е подигнато на 4 и затоа ги повикаа сите Израелци да ја напуштат Турција што е можно поскоро, пишува The Times of Israel.
За Мароко нивото на опасност е зголемено на 2, а израелските туристи се повикуваат да бидат дополнително внимателни.
Да потсетиме, полицаец пред десет дена уби двајца израелски туристи и нивниот водич. Тоа беше прв таков напад врз Израелците во Египет во последните децении.
Инаку, бројот на антисемитски напади се зголемува ширум светот по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Конфликтот, кој прерасна во војна, започна со напад на милитантите на Хамас. За време на нападот оваа терористичка организација убивала и киднапирала цивили и ги однела во Газа, а подоцна се заканила дека ќе ги погуби заложниците. Израелците одговорија со контранапад.