„Имале списоци за ликвидација“ – шокантни тврдења: Групата што ја киднапираше и уби малата Вања имала уште пострашни планови
Истрагата за групата на Љупча Палевски Палча, која е главен осомничен за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, треба да се прошири, бидејќи нивните постапки се еднакви на тероризам и имаат криминално минато со кое требаше многу да се позанимаваат претходно, вели во интервју за „Гласот на Америка“ универзитетската професорка од Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски.
тероризмот – таа вели.
„Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи.
Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај“.
„Тие имаат позната криминалистичко-безбедносна и полициска историја, и не биле лица, коишто не биле претходно безбедносно третирани. Кога велам „безбедносно третирани“, мислам дека тие лица, во минатото во многу случаи биле предмет на еден постојан, континуиран оперативен надзор заради превенирање на вакви, слични планови коишто можеби биле и многу помонструозни“.
„Зошто и како е дозволено тој оперативен надзор да не продолжи, на начин на којшто требало да биде третиран, е прашање за другите институции.
Не само прашање за полицијата, туку и на безбедносно разузнавачката заедница, имајќи во предвид фактот дека тие се легитимен, како и секаде во Европа и во светот, легитимен таргет за крајно десен и крајно лев екстремизам, којшто е предворје на тероризам“.