И тоа дочекавме: Македонски ракометен клуб се засили со играч кој беше дел од „Задруга“
August 29, 2023
Екипата на Вардар Неготино, кој во новата сезона ќе влезе со нов стратег, го ангажираше вториот странец во тимот, но со интересна биографија.
Не дека играл во некои силни и реномирани екипи, туку од друг карактер мислиме на интересна биографија.
Станува збор за десното крило Александар Кериќ, српски интернационалец, кој има 27 години и своевремено играше за Струга.
Тој потекнува од Партизан, во Србија го носеше дресот и на прволигашот Мокра Гора, а играше за словачкиот тим Спорта Хлоховец и босанските Славија Сараево и Босна.
Минатата сезона Кериќ не играше ракомет, туку беше дел од реалното шоу „Задруга“ што е многу популарно во Србија.