Кавадаречки пензионер на 80 години лажно се претставил дека е Митко Јанчев – вака бил откриен
July 16, 2024
Пензионер лажно се преставил дека е градоначалникот Јанчев и на телефон во полиција пријавил дека е ограбен
Кавадаречки пензионер на возраст од 80 години вчера се јавил во полицијата во Кавадарци, со цел да пријави настан, но на полициските службеници лажно им се претставил како градоначалникот на општината, Митко Јанчев.
Откако веднаш било евидентирано лажното претставување, со него бил извршен службен разговор.Нема официјална информација околу тоа која била маката која го натерала пензионерот да бара помош од полицијата и притоа лажно да се претставува како градоначалникот, но против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неофицијално се работело за пријава за наводна кражба. Од СВР Велес за „Фокус“ го потврдија случајот.