Ковачевски и Ахмети да се стават на полиграф – предлага екс министерот
евдет Хајредини,екс министерот за финансии предлага лидерите на СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски, односно Али Ахмети треба први да седнат на полиграф.
На дебата за потребата од полиграфско тестирање на службениците кои работат на граничните премини, тој изјави дека нема против од воведување на ваква пракса, но тоа ќе биде мала работа.
Хајредини вели дека немаат морално право против корупција да зборуваат истите лица кои ги донесоа измените на кривичниот законик со кои застареа стотици кривични дела.
„На полиграф кај нас треба да се стават овие двајцата прво, Ковачевски и Ахмети. Ова не е сарказам, ниту иронија, ни демагогија. Полиграфот е контрола дали лаже човекот. Па ние сме сведоци дека тие секој ден лажат. Тие самите. Имаме примери колку сакате да земеме“, рече Хајредини.
Како што додаде поранешната прва антикорупционерка, Билјана Ивановска, важно е и прашањето како се вработуваат лицата кои работат на граничните премини.